Garden Inn
Residence

GARDEN INN RESIDENCE е современ и практичен станбено- деловен објект со функционални и атрактивни станови од 26m² до 108m², со уникатно внатрешно уредување и атрактивен екстериер инспириран од потребите на современото урбано домување.

Објектот нуди комфор и практичност за сите станари и корисници на деловните простории благодарение на уникатните и практични архитектонски решенија кои овозможуваат максимална искористеност и функционалност на просторот. Беспрекорниот квалитет на материјалите искористени во сите фази на изградба на објектот гарантираат стабилност и сигурност според највисоките стандарди. Сите станбени и деловни единици се опремени со најсовремен и ефикасен систем за греење и ладење. Инспириран од современите трендови за зелена и урбана средина, објектот ги исполнува највисоките еколошки стандарди и норми за енергетска ефикасност.

GARDEN INN RESIDENCE располага со 9745,70 m² вкупна површина на станбени единици, односно следниот број на станбени единици: Ламела А – 86 станови; Ламела Б – 86 станови; Ламела Ц – 12 станови.

Во приземјето на објектот се наоѓаат деловни простории со определени квадратури како и можности за спојување на простории со практични решенија и впечатливи излози. Површините наменети за деловни простории се распоредени во трите станбени единици на објектот односно: Ламела А - 532.90 m² ; Ламела Б - 572.10 m² ; - Ламела Ц - 918.90 m².

Објектот располага со сопствен и современ паркинг простор, односно 57 паркинг места на ниво на терен, 33 паркинг места во подрум ниво -2, и 102 паркинг места и во подрум ниво -1.

Надворешниот дел е осмислен како заеднички, функционален простор кој е целосно дизајниран и прилагоден да обезбеди максимална практичност со племенито уредување со зеленило и одлично осветлување.

Станбено- деловниот објект GARDEN INN RESIDENCE ги исполнува очекувањата и на најпребирливите клиенти по однос на квалитет, стабилност и практичност. Објектот се наоѓа во населба Влае 4, Скопје до кружниот тек на бул. Партизански Одреди спроти Порта Влае.

GARDEN INN RESIDENCE- Твој сон, твој дом.